НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ СЕМЕЈСТВА
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ИМ ДОДЕЛИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ СЕМЕЈСТВА
Денеска, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, традиционално, им додели новогодишни пакетчиња на дечињата од социјално-ранливите категории. Поради ковид пандемијата истото се одвиваше пред Пионерскиот дом. Исто така, градоначалникот Сарамандов, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби и Центарот „Мајка Тереза“ им додели новогодишни подароци.