НОВОГОДИШНА ВИРТУЕЛНА ТРКА НА 5 КИЛОМЕТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

АК „7-ми Ноември“ организира Новогодишна виртуелна трка – 5 километри

Правила за трката:

Сите оние што го сакаат трчањето може да се пријавите на постот на Атлетскиот клуб каде што ќе биде истакната стартната листа најдоцна до 29.12.2021 година до 23:59 часот. Учеството е бесплатно!

Патека: Се трча по точно одредена патека! Стартот е од кружниот тек кај поранешна Алатница , се трча по ул. Булевар Гевгелија спрема влезот на градот, се искачува надвожњакот, по симнувањето се минува покрај бензинската пумпа Окта од надворешната страна (главниот пат – види мапа) и се врти десно на патот кој продолжува до Мотел Сенатор до самиот крај на асфалтираниот пат. Се вртите назад и се враќате по истата патека. Задолжително мора да се истрчаат 5 километри за да биде признат резултатот! Доколку од местот каде што сте стартувале ви фалат неколку метри, дотрчајте ги преостанатите за да имате точно 5 километри.

Време на трчање: Најрано 00:00 на 31.12.2021 година а треба да го завршите најдоцна 23:59 на 01.01.2022 година.

Резултат: Потребно е да ни пратите слика само од апликацијата на маил: ak7minoemvri@yahoo.com или пак во порака на нашата страна, најдоцна до 12:00 на 02.01.2022 година со што ќе ја објавиме листата на победници. Важечки резултат е вкупно поминатото време Elapsed time а не времето на движење – moving time!

Листа на одобрени апликации за трчање:

Strava – потребно е да се испрати слика од мапата на трчање и од прозорецот View Analysis каде е видливо Elapsed Time

Garmin connect – потребно е да се испрати слика од мапата на трчање и дистанцата како и од следниот прозорец десно каде e видливо целосното поле Timing односно Elapsed Time.

Награди: Тројцата победници во машка и женска категорија ќе добијат новогодишни подароци!

Почитувајте ги мерките за заштита во однос на вирусот, облекувајте се соодветно спрема временските услови на денот на вашето трчање. Учесниците на трката се сами одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.

Најважно од се, уживајте во трчањето!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *