На денешната генерација млади очигледно не им недостигаат новогодишните честитки, тие неколку зборови во нив, таа емоција која со честитката, нивните родители баби и дедовци грижливо ги пишуваа пред секоја Нова година, ги пакуваа во пликови и ги испраќаа на стотина адреси на своите блиски и подалечнио роднини и пријатели.
Сега дојде друго време, се помалку има тезги на кои се продаваат блескавите новогодишни честитки. Сега е полесно на месинџер, вибер, мејл ли инстаграм да испратите инстант подготвени електронски честитки и… сте завршиле работа.
Но не е така. Велат, Нова година без честитка е исто како елка без украси.
Можеби тоа е само уште еден доказ за отуѓување меѓу луѓето. Искрено, мене најмногу ми фалат новогодишните честитки, и затоа си купив, онака за душа, две, лично за мене, да ми го топлат срцето целата 2024 година.