НОВАК ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН, А ГЕВГЕЛИСКИОТ „НОЛЕ“ АЛЕКСАНДАР ГРУЈИЌ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЈУНИОРИ ДО 12 ГОДИНИ ВО НЕГОТИНО.

И додека Новак Ѓоковиќ ја испиша историјата и го освои шестиот Вимблдон и 20-от Грен слем во кариерата, совладувајќи го Матео Беретини со 3-1, (6: 7 , 6: 4, 6: 4, 6: 3) ,речиси во исто време гевгелискиот „Ноле“ Александар Грујиќ, на кого му предвидуваме голема иднина во неговата тениска кариера го освои Отвореното првенство на Македонија во конкуренција за јуниори и јуниорки до 12 години во Неготино, совладувајќи го Марко Алексовски од ТК „Југ“ од Скопје со 2-0 во сетови( 6-3 и 6-4). Честитки Александар и продолжи да чекориш по стапките на твојот идол.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *