Во саботата, на 20 ноември, во Галеријата на Студентскиот центар беа доделени наградите за најдобрите кратки и долгометражни филмови на овогодинешниот филмски фестивал во Загреб и победничките филмови на 6. КиноКино фестивал.
За најдобар филм од меѓународната краткометражна програма и националната програма Коцкице одлучија режисерката Сара Гргуриќ, минатогодишниот победник на Коцкица (Во шумата), словенечкиот режисер Рок Бичек (класен непријател – ЗФФ 2014) и Иван Бакрач, режисер и селектор на Филмски фестивал во Херцег Нови.
„Златната количка“ за најдобар филм во меѓународната конкуренција за краткометражен филм ја зеде македонско-рускиот филм „Северен пол“ на Марија Апчевска.
Минималистички, прецизен и вешто режиран, овој филм е искрен приказ на еден деликатен период од животот со кој сите можеме да се поистоветиме и преку кој разбираме дека не треба да брзаме да пораснеме во време кога нашата младост е најневина, заклучи жирито.
„Северен Пол“ е интимен портрет на главниот лик Марго, која се обидува да пронајде каде припаѓа, да го најде своето место. Мала но универзална приказна за тоа колку се важни различностите, колку е важен непокорот и останувањето свој, која од досегашното искуство, успешно комуницира и допира до многу различни луѓе од целиот свет.
Продуцент е Роберт Насков, продукција „К“ино Око, ко-продуцент Милош Љубомировиќ, директор на фотографија Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на звук Игор Поповски и Бојан Паликуча, шминка Горан Игњатовски, костим Билјана Гргур, кастинг директор Киријана А. Николоска. И секако целата останата екипа, врвни професионалци и драги колеги и пријатели. Во главните улоги се Антонија Белазелкоска и Лука Митев.