Неодамна во Германија, поточно во градот Штутгарт, е воведен сосема нов сообраќаен знак, кој за многумина е збунувачки, но казните за негово непочитување се високи – 70 евра. Новиот знак е поставен во одредени улици а означува забрана за претекнување на велосипедисти и мотоциклисти. Овој знак ќе се поставува на сите тесни улици кои имаат велосипедски патеки, а каде не е можно автомобилите да запазат 1,5 метар странично растојание, колку што е пропишано со закон. Затоа, автомобилите ќе мора да возат зад велоситедистите.