Муралот е изведен во соработка со општина Гевгелија и Црвениот крст од Гевгелија. Со асистенција на Кате Чугунцалиева и Александар Јанев, двајца негови колеги , неодамна на трансформаторот пред Железничката станица осамна нов мурал на уметникот Миле Ничевски.
Инаку муралот е работен со стенсил, комбинација на графити и мурал, и не е типичен мурал, бидејќи е нацртан на трансформатор. Делото е и мал омаж на Бенкси, познатиот графити уметник.
Бенкси е псевдоним на уличен уметник, политички активист и филмски режисер кој живее во Англија, чие вистинско име и идентитет остануваат непотврдени и се предмет на шпекулации. Активен од 1990-тите, неговата сатирична улична уметност и субверзивните епиграми комбинираат мрачен хумор со графити изведени во карактеристична техника на матрици.
Неговите дела од политички и општествени коментари се појавија на улиците, ѕидовите и мостовите ширум светот. Работата на Бенкси израсна од андерграунд сцената во Бристол, која вклучуваше соработки помеѓу уметници и музичари. Бенкси вели дека бил инспириран од 3D, графити уметници и основач на музичката група Massive Attack.