НОЌТА ПОМЕЃУ 15-ТИ И 16-ТИ ЈАНУАРИ 1945 ГОДИНА СЕ ИЗВРШЕНИ ДВЕТЕ НАЈМАСОВНИ УБИСТВА НА МАКЕДОНЦИ ВО ВЕЛЕС И КУМАНОВО ВО ТОГАШНА ЈУГОСЛАВИЈА

Во ноќта меѓу 15 и 16 јануари се извршени двете најмасовни и најбрутални стрелања на Македонци во Македонија во времето на тогашна Југославија.
Без судење и почитување на пресумцијата на невиност, во најголема тајност и итност, од истражниот затвор на ОЗН-а во Велес се егзекутираа 53, според најновите истражуања 86 затвотреници, а во Куманово 48 затвореници под глобално сомневање дека се „народни непријатели“.
 
Во автобиографските белешки, објавени посмртно во 1999 година претседателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов Ченто обелоденил дека за стрелањата во Велес и во Куманово дознал од семејствата, откако тие биле извршени без да биде информиран и консултиран.
Како иницијатор тој го посочил Едвард Кардељ, а за наредбодавач Лазар Колишевски.
Истиот ден отпатувал за Белград каде објаснување побарал од маршалот Јосип Броз Тито, кој исто така не бил информиран и веднаш издал наредба да престанат стрелањата без судење.
Според Дедиер, во тој период во Југославија без судење биле ликвидирани 140.000 луѓе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *