НИКОЛЧО ЃОРЃИЕВ ИСТРЧА И ИЗВОЗИ СО ВЕЛОСИПЕД 190 КИЛОМЕТРИ ВО ЧЕСТ НА ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА БЛАГОЈА ИСТАТОВ

Во чест на фудбалската легенда Благој Истатов, ултрамаратонецот Николчо Ѓорѓиев во неделата на 3 октомври трчаше и возеше велосипед од Струмица до Штип преку Неготино до Гевгелија и Дојран во должина од околу 190 километри.
Станува збор за ,,дуатлон,, спротска дисциплина , која Ѓорѓиев ја практикува и е единствениот македонец кој има земено учство на Светско првенство пред две години во Швајцарија
Најнапред Ѓорѓиев во придуржба на членовите на ВК ,,Актив’’ од Струмица истрча 10 километри по струмичките улици по што со велосипед ја извози делницата од 150 километри и тоа од Струмица, Штип, Неготивно до Гевгелија. На ова делница тој беше придружуван од тркачки велосипедисти од Струмица. Од Гевгелија до хотелот Истатов, Ѓеоргиев потоа повторно ќе трча а станува збор за делница од околу 30 километри
 
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *