НИЕ МЛАДИТЕ САМИ ЈА ИЗБИРАМЕ СВОЈАТА ИДНИНАМИЛИЦА СВЕТОЗАРЕВИЌ, ДОКТОРАНТ НА ТМФ ВО БЕЛГРАД: УЧЕЊЕТО ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ МИ ДАДЕ ШИРОЧИНА И ВРЕМЕ ДА ЈА РАЗВИЈАМ МОЈАТА ЉУБОВ КОН ХЕМИЈАТА

Милица Светозаревиќ денес е вработена во Иновативниот центар на Технолошко металуршкиот факултет во Белград, каде работи како истражувач во биохемиското инженерство.
Со многу љубов и емоции зборува за времето поминато во средношколските клупи на СОУ „Јосиф Јосифовски“
„Не сите од мојата генерација знаевме што ќе работиме кога ќе ја завршиме гимназијата. Една од нив бев и јас. Но, од оваа дистанца денес, може да речам дека гимназиското образование, природно-математичкиот смер, ми даде добра подлога во мојот избор на тоа што ќе биде мојата професија во иднина.
 
Во тие четири години имав можност да се стекнам со широки знаења од речиси сите предмети, и имав доволно време да ја развијам мојата њубов кон хемијата, и кон мојата идна професија.
Морам да го споменам наставниот кадар, кој успешно и креативно ни ги пренесуваше своите знаења на нас, учениците. Тоа го правеа преку интерактивните предавања, проектните активности, разните секции, натпреварувања и настани од културно-уметничката сфера. Со тоа, ни овозможија нам, на учениците, да го откриеме она што најмногу ни лежи и кон кој предмет да го насочиме нашето внимание.
 
Но, освен на учењето, со многу носталгија денес се сеќавам на сите оние безгрижни денови во слободното време, кои ми беа исполнети со дружење, авантури и анегдоти кои ќе ги паметам и раскажувам целиот мој живот.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *