Во Општина Гевгелија бројот на живородени деца во четвртиот квартал од 2023 година изнесувал 39 додека таа бројка во истиот период во 2022 година изнесувала 43 живородени деца. Во истиот период, бројот на починати лица во Општината е 73 лица, за разлика од истиот период во 2022, кога таа бројка изнесувала 61 починато лице.
Инаку, бројот на живородените деца во Македонија во четвртото тримесечје од 2023 година изнесува 4.185 и во споредба со истиот период од 2022-ра година, е помал за 4.5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани е 5.028 лицa, што е за 1,5 % помалку од 2023 година.
Природниот прираст е негативен – 843 лица, што значи за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.