НЕЗАВИСНИОТ СОВЕТНИК ТОМЧЕ ЌИЧУКОВ ПОБАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА ТОА ДАЛИ ГЕВГЕЛИСКИТЕ УЧИЛИШТА ГИ ИСПОЛНУВААТ ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ ЗА ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧИЛИШНА ГОДИНА

На почетокот на денешната седница на Советот на општина Гевгелија, независниот советник Томче Ќичуков побара вонредна седница на Советот посветена на тоа дали се исполнети техничките услови за одржување на настава со физичко присуство во училиштата во Општина Гевгелија.Исто така тој се повика на мислењето на епидемиологот при Центарот за јавно здравје-Велес, ПЕ Гевгелија, д-р Сашко Олумчев, кој во изјава за медиумите напомна дека како од епидемиолошки,така и од технички услови, тој лично не е за почеток на наставата со физичко присуство. Советот на Општина Гевгелија за ова негово барање ќе се изјасни на крајот на денешната седница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *