„НЕ СУМ ГРЕШНИЦА“ Е НОВАТА ПЕСНА НА БАРБАРА, КОЈА ГИ ЗАБАВУВАШЕ ГОСТИТЕ ВО НОВОГОДИШНАТА НОЌ ВО „PAINT IT BLACK“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

„Не сум грешница“ е новата песна на Барбара, што ја потпишува Тони Апостоловиќ, алијас Tony Show а снимена е во студиото на Драган Ристовски, кој е и продуцент на песната. Станува збор за балада, која на Барбара и се допадна уште на првите стихови. – Кога ја слушнав првата строфа: „Дали можам среќна да сум јас, душа боли немам глас, бара љубов, бара спас..,“ реков- тоа е тоа. Тоа сум јас и мојот живот испеан во една песна.“ Во овој, слободно може да се нарече- проект учествуваше инструменталистот Рикардо Хуна (кларинет) а пратечките вокали ги испеа Гога Вучиќ. За видео записот за „Не сум грешница“ се погрижи продукцијата на авторот – Tony Show mk music кој и го режираше спотот. Спотот е работен на неколку локации во Скопје, во две цркви на Скопска црна гора: Свети Илија и Света Троица. Бидејќи има убави спомени од учеството во регионално најпопуларното музичкото шоу „Никад није касно“, Барбара планира песната да ја промовира и во Србија а за тој пазар е направен аудио и видео запис на српски јазик. Претпоставувате, секое доаѓање во Македонија Барбара ја прави многу среќна а посебно дружбата со нејзините пријатели и драгите колеги. -Живеам и работам во Швајцарија од 1988 година, во фирма за оптика. Но, песната, поточно музиката ме прави многу среќна. Додека работам на микроскоп, работниот ден го почнувам и завршувам слушајќи музика и на тој начин добивам поголем елан за работа. Голема радост ми причинува настапот во хотелот Paint it black во Гевгелија, каде ќе имам настап за новогодишните празници. Бидејќи таму и ќе ја дочекам Новата 2024 година, а југот на нашата земја е секогаш сончев, сигурна сум дека ќе имаме прекрасна година!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *