НЕ САМО ОДГОВОРНОСТ ТУКУ И НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА СИТЕ КОИ ДОЗВОЛИЛЕ МАТУРАНТОТ ТОНИ САЛИ ДА ПОЧИНЕ БЕЗ ДА ИМА МАТИЧЕН БРОЈ. ЖАЛОСНО, КАКО ВООПШТО ДА НЕ ЖИВЕЕЛ!!!!

Матурантот Тони Сали, кој цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени, почина завчера на 19 години, информираше порталот sdk.mk.
 
Не дочека да биде запишан некаде во оваа држава дека постои, дека е жив. За првпат неговите осум букви се појавија вчера, во службената евиденција на МВР, но како починато лице.
И да имало здравствени проблеми ова момче, никогаш не ги дозна. Ниту тој, ниту неговото семејство, зашто немаше здравствена книшка да отиде на лекар, а без матичен број немал ни матичен лекар.
 
Тони нема да добие ни посмртница. Како да не постоел. Единствен документ и доказ дека постоел, ќе останат неговите петки од прва до последна, освоените домашни и меѓународни награди од натпревари и свидетелствата. Школите ги отворија вратите за него надвор од законот, врз основа на Конвенцијата за права на детето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *