НAУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: ДОКОЛКУ НЕ СЕ УТВРДИ ТОЧНОТО ПОТЕКЛО НА КОВИД-19 ЌЕ ИМАМЕ УШТЕ МУТАЦИИ НА ВИРУСОТ ВО ИДНИОТ ПЕРИОД

Највлијателните светски научници апелираат што поскоро да се открие вистинското потекло на Ковид-19. Од тоа, велат тие, зависи целото светско јавно здравство.
Еден од најистакнатите светски научници, Питер Хотез, истакна дека разбирањето на потеклото на пандемијата Ковида-19 е клучно прашање за иднината на јавното здравство во светот.
Апелот на Хотез за целосна истрага е последен во низата меѓу експертите и политичарите, а старите духови повторно се разбудија, односно теоријата дека вирусот протекол од лабораторијата во Вухан.
 
Дури и главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека тој веќе не е целосно убеден дека корона вирусот настанал природно
Од март оваа година, објавени се неколку извештаи, поради што експертите повикаа на понатамошно истражување за потеклото на вирусот. Поранешниот директор на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, за Си-ен-ен во март изјави дека верува дека корона вирусот случајно протекол од Институтот за вирусологија во Вухан.
 
Во април, тимот на СЗО помина еден месец во Вухан истражувајќи го потеклото на вирусот, но заклучи дека протекувањето на вирусот од лабораторијата е „крајно неверојатно опција“. Од друга страна, истражувачите не влегле во кинеската лабораторија и не ги добиле сите потребни податоци.
Овој месец, „Волстрит журнал“ објави дека на тројца истражувачи им се слошило и биле хоспитализирани со симптоми на коронавирус во ноември 2019 година, еден месец пред Кина да го пријави првиот случај.
Кина постојано ги негираше тврдењата дека вирусот потекнува од нивната лабораторија и одби да учествува во меѓународни истраги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *