НАСКОРО ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА ШТО ЌЕ ГО ПОВРЗЕ ЗАПАДНИОТ БУЛЕВАР СО МОИНСКИ ПАТ КАЈ ИЗЛЕТНИЧКОТО МЕСТО „ДИНЌУТ“

Имено, скоро една деценија се зборува за изградба на улицата „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија. Поточно, продолжувањето на булеварот „Гевгелија“ и неговиот западен крак, од колективната станбена зграда, позната како „Грчка“, на Караорман, па се до Динќут. Распишан е тендерот за изградба на оваа значајна сообраќајница бидејќи со оваа заобиколница ќе се создадат услови за дислокација на товарниот сообраќај од центарот на градот, кој досега се одвиваше преку улицата „Петар Мусев“, се до „Моински пат“.

Во првата фаза од оваа улица, со должина од 1230 м., предвидено е изведување на припремни работи, изведба на долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина и спојување со „Моински пат“ кај Динќут.

Во втората фаза ќе следува и нејзино асфалтирање, но главно е дека во најскоро време улицата ќе биде оспособена за товарен сообраќај.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *