НАРУШЕНИ БРАТСКИ ОДНОСИ-МОТИВ НА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО ГЕВГЕЛИЈА

Според првичните информации од Јавното обвинителство мотив за двојното убиство во Гевгелија се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа.
Ова денеска го соопштија од Јавното обвинителство на РМ, од каде информираа дека јавен обвинител од ОЈО Гевгелија извршил увид на местото на убиството, а обвинителот ја очекува кривичната пријава во текот на денот.
Инаку, полицијата го сомничи шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија дека синоќа околу 19 часот ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62) пред влез од куќа во Гевгелија кога со пиштол пукал во нив.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *