НАБАВЕНИ НАСТАВНИ СРЕДСТВА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНАТА

На Основните општински училишта од Гевгелија: „Крсте Мисирков“, „Владо Кантарџиев“, „Ристо Шуклев“- Негорци и „Климент Охридски“- Миравци, од страна на Министерството за образование и наука ќе им бидат испорачани наставни средства, потребни за реализацијата на наставата од областа на природните науки. Доставувањето на опремата ќе се врши етапно, започнувајќи од 29 ноември, па се до почетокот на март, 2022 година, во повеќе наврати. Во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија веќе пристигна првата достава на дел од наставните средства. Набавката на наставни средства од Министерството за образование и наука е со цел унапредување на образовниот процес во основното образование, препознавајќи ја важноста на изучувањето на природните науки.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *