Здружението на граѓани „Супериор Ранс – Стани, Трчај Штип“, денес, недела, 21 април 2024 година, по вторпат ја организираше градската трка на рамна патека. Овој спортско-рекреативен настан, насловен „Superior Runs 5k & 10k е од општествено-одговорен карактер, а организацискиот концепт, покрај забавна програма вклучува и натпреварувачки дел.
Годинава, меѓу повеќе од 1400 спортисти, рекреативци и љубители на спортот,се најдоа и членови на АК „7-ми Ноември“.
На трката на 5 километри настапија Крајчева Александра, Станков Борче, Прошевски Кристијан, Костадинова Јулија, Костадинов Николчо, Стоева Натка, Мичев Никола, Мичева Викторија, Ковачев Никола, Петков Живко и Епов Атанас
На трката на 10 километри учествуваа Крстовски Илиоски Борче, Андреев Димче, Петровски Мики, Иванов Зоран, Ристов Драган, Чучанов Ѓорге, Чучанова Јасмина, Прошевски Дарко, Цветков Орце, Делиќ Ангел, Коцевски Игор, Арнаудов Кимо и Темелковски Благојчо.