НА ТРЕИЛ АВАНТУРАТА „ВОДНО-МАТКА 2024“, НА ДВЕ ТРКИ НАСТАПИЈА УЗУНОВА, ПРОШЕВ,ПЕТРОВСКИ, ИВАНОВ И СТОЈМЕНОВ
Треил авантурата, трките „Водно-Матка 2024“, во три категории, на 10, 32 и 45 километри, вчера ја трчаа и петмина гевгеличани.
Кај жените, Валентина Узунова на трката на 45 километри го освои првото место во својата категорија , а на таа трка настапи и Станислав Стојменов, член на ЗПСК „Кожиф“, додека кај мажите Дарко Прошев беше осми во категорија.
Мики Петровски и Зоран Иванов, истовремено влегоа во целта, како 20 и 21 во категорија, поради тоа што Иванов имаше грчеви, а Петровски трчаше заедно со него и го бодреше да издржи до крај.
Инаку, овие трки започнуват по истапкани шумски патеки од ладовините на планината Водно и преку врвот Крстовар и сртот на Водно водат кон мистиката во кањонот Матка.