НА ШЕСТОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ“ УШТЕ ЕДЕН УСПЕШЕН НАСТАП НА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

Охрид денеска,по шести пат беше домаќин на традиционалната манифестација „Охрид трчаТ“. Врвни атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 држави, вкупно 1300, денес се појавија на главните настани од манифестацијата „Охрид трчаТ“, трката на 21 километар и трката од 5 километри.
 
Меѓу нив беа и седуммина атлетичари од гевгелискиот атлетски клуб „7-ми Ноември“. Никола Ковачев, Ангел Делиќ, Ристо Чалков, Цеца Србова, Живко Петков, Благојче Темелковски и Мијалчо Андоновски. Тие зедоа учество на трката на 5 километри , во машка и во женска конкуренција како и во машка конкуренција на полумаратонската трка. Сите покажаа голема професионалност и максимална издржливост и во двете трки, со ушто уште еднаш достојно го презентираа гевгелиското маратонско трчање.
 
И годинава се трчаше за поддршка на лицата со ретки болести, овојпат со порака за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности на лицата со ретки болести.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *