НА ШЕСТОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ“ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ СЕДУМ ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

Врвни атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 држави меѓу кои се и рекордерите на Македонија, Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски ќе бидат дел од шестото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат“ во организација на истоимениот клуб, а со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании.
 
Меѓу нив ќе се најдат и седумина атлетичари од гевгелискиот клуб „7-Ми Ноември“, Никола Ковачев, Ангел Делиќ, Ристо Чалков, Цеца Србова, Живко Петков, Благојче Темелковски и Мијалчо Андоновски.
 
Директорот на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, Иван Цветкоски најави богата програма во текот на викендот со учество на над 1.300 учесници на трките.
 
Главниот настан, е в недела, 5 јуни, од 8 часот и 30 минути со првата трка на 21 километар, чиј старт е на кеј „Македонија“ пред хотел Палас, каде ќе има вкупно 330 учесници, додека стартот на трката од пет километри е во 8 часот и 35 минути, со 980 пријавени учесници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *