ДОБАР ПЛАСМАН И ЗА ДВАЈЦАТА ДРУГИ ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ДРАГАН РИСТОВ И МЕТОДИЈА ИЧЕВ
На шестиот полумаратон во Волос, кој се враќа по две години пауза поради пандемијата учествуваше и тричлената екипа на АК „ 7-ми Ноември“ од Гевгелија, во состав Тодор Анчев, Драган Ристов и Методија Ичев.
Тодор Анчев, во конкуренција на 500 тркачи, го освои третото место со време од 1 час и 23 минути, Методија Ичев постигна време од 1 час и 48 минути, додека Драган Ристов патеката ја истрча за 1 час и 58 минути.
Тодор Анчев по трет пат учествува на овој интересен полумаратон во Грција, во 2018 година беше прв, во 2019 го освои второто место, и еве оваа 2022 година е третопласиран
Првите 5 километри од Волос полумаратонот се одвиваа не само на плажата на Волос, туку и на улиците Демитријадос и Јасонос, пред спортистите да го продолжат патувањето до Пефкакија и Аликес.
Организациониот одбор на трката соопшти дека по едно евро од сите учесници ќе добие Домот за деца без родители Волос . Всушност, иако оваа година на двете трки Volos Half Run и I Love Volos Run учествуваа вкупно 1500 натпреварувачи, сепак 1.800 евра дефинитивно ќе добие Домот за деца без родители Волос