НА ПЕТТАТА ПЛАНИНСКА ТРКА „CHUPINO TRAIL 2024“ ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ТРЕТА НА 60 КИЛОМЕТРИ

Вчера, 1 септември, во Виница, со учество на над 140 натпреварувачи од Македонија, Јапонија, Полска и Бугарија, во машка и женска конкуренција, се одржа петтото издание на „CHUPINO TRAIL 2024“.Chupino Trail е меѓународен спортски настан во планинско трчање низ планината Плачковица, со старт и цел во градскиот парк во Виница и нуди избор на 3 трки:„Бумбарски треил“, на 17 километри, „Чупино треил“ на 32 километри и „Тринити ултра треил“ на 65 километри

Во женска конкуренција, во трката на 60 километри и висинска разлика од 2.800 метри, една од нашите најдобри треил натпреварувачки, Валентина Узунова, од ЗПСК „Кожуф“ го освои третото место.

Инаку, Chupino Trail е креација на The Running Squad – екипа рекреативци со различна спортска историја. Ниту еден од The Running Squad не се занимавал професионално со спорт, но спортот е дел од нивниот живот околу 25 години. Со постепениот раст на рекреативното трчање и организираните маратон-трки во Македонија, прашање беше само на време кога Плачковица ќе биде искористена за тоа.

Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ја обележи Виница на спортската мапа на Балканот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *