НА „ОХРИД ТРЧАТ 2023“ ТРЧАА И ШЕСТМИНА ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

РИСТО ЧАЛКОВ ПЕТТИ НА 5 КИЛОМЕТРИ

Со учество на речиси 2.000 учесници од 28 држави, денеска во Охрид се одржа седмото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчат“.
 
Точно во 8:30 часот стартуваше трката на 21 километар во индивидуална конкуренција и штафети, а пет минути подоцна започна трката на 5 километри.
 
На полумаратонската трка настапија членовите на гевгелискиот атлетски клуб „7-ми Ноември“, Митко Попов, Никола Ковачев, Живко Петков, Мијалче Андоновски и Благојче Темелковски, додека на трката на 5 километри настапи Ристо Чалков и го освои одличното 5 место.
 
Инаку, Дарио Ивановски од Република Македонија со време од еден час 11 минути и 18 секунди беше најбрз на полумаратонот, пред Тирон Мамуша од Албанија и Муџаид Мислими од Македонија. Кај дамите победата ја однесе бугарката Билшерин Сулејман со време 1.25.01 часа, пред Билјана Кираџиева од Србија и нашата Марина Домазетоска.
 
Бугаринот Михаил Вулковски со време од 18:52 минути беше најбрз на трката од 5 километри, пред Жорит ван дер Рат од Холандија и Атила Расим од Бугарија. Кај дамите победата ја однесе Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути, пред нашите Николина Милевска Велјановска и Бојана Наумовска на второто и третото место

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *