НА НИВО НА ДРЖАВАТА, БРОЈОТ НА ПРВАЧИЊА СЕ НАМАЛУВА, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ТОЈ СЕ ЗГОЛЕМУВА

Во месец мај во училиштата во Македонија се запишале 17.200 првачиња, или 580 помалку од лани. Велат, трендот на иселување на младите си го прави своето.
 
Во општина Гевгелија пак последните три години, бројот на првачиња се зголемува. Така, во учебната 2022/2023 година тој број изнесувал 224 запишани првачиња, во минатата 2023/2024 година изнесувал 228, за да во учебната 2024/2025 година 230 првачиња ќе го започнат своето школување.
 
Според евиденцијата на Одделението за образование при Општина Гевгелија, во ООУ „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“- Гевгелија се запишани по 94 ученика. Додека, во „Ристо Шуклев“- Негорци – 29. Настава во прво одделение, во ООУ „Климент Охридски“- Миравци, ќе следат 13 ученика. Од вкупниот број запишани првачиња, 119 се момчиња, а 111 девојчиња.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *