НА НАЈМАСОВНОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КИК БОКС КЛУБОТ „АЖДЕР“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ОСВОИ ЕДНО ЗЛАТО И ТРИ БРОНЗИ.

Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија официјално ги објави резултатите од Државното кик бокс првенство што се одржа во неделата во Скопје. Ова досега е најмасовниот шампионат одржан во нашата држава со учество на 346 кикбоксери и 426 натпреварувачки влезови од 26 клуба во дисциплините поинт фајт, кик лајт, К1, лоу кик.
На првенството со успех настапија и 6 натпреварувачи од Кик бокс клубот „Аждер“ од Гевгелија, при што Дејан Панов освои злато во категоријата М-85, бронза во категоријата М-81, Ристо Венов освои бронза во категоријата М-69, а Џан Ибраимов беше трети во категоријата М-63.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *