НА КОНКУРСОТ ЗА КУЛТУРА ПРИСТИГНАЛЕ 49 АПЛИКАЦИИ, А НА КОНКУРСОТ ЗА СПОРТ 41 АПЛИКАЦИЈА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

     Согласно објавените Конкурси од страна на Општина Гевгелија за финансирање на проектни активности од областа на културата и спортот во 2022, годинава, во законскиот рок по Конкурсот за култура, во Општина Гевгелија пристигнале 49 апликации, додека по Конкурсот за спорт, 41 апликација. Повеќето од апликантите се: културни институции, самостојни уметници, невладини здруженија, самостојни спортисти и спортски клубови од општина Гевгелија, но и од други градови во државата.

    По разгледувањето на апликациите, резултатите од Kонкурсите ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2022 година и Програма за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на општина Гевгелија за 2022 година, кои се очекува да бидат донесени на некоја од наредните седници на Советот на Општина Гевгелија во новата година, а ќе бидат објавени во Службен гласник и на веб-страницата на Општината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *