НА КАРАТЕ СЕМИНАРОТ ВО СУТОМОРЕ, ЦРНА ГОРА, ДИМИТАР ШАРЕНКОВ И КАЛИН АПОСТОЛОВ ОД КК „ГЕВГЕЛИЈА“ ОСВОИЈА ЗЛАТНИ МЕДАЛИ

На 48-от Карате семинар во Сутоморе, Црна Гора кој се одржа од 14 до 23 јуни, учествуваа и два члена на Карате клубот „Гевгелија“ под водство на сенсеи Живко Аврамов кои се натпреваруваа во изведба на кати. И двајцата, Калин Апостолов и Димитар Шаренков освоија прво место и се закитија со златни медали. Летната школа броеше 200 учесници од кои над 100 натпреварувачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *