НА Г.П. БОГОРОДИЦА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ „GEVGELIJA – SPICE UP THE JOURNEY“

Во летниот ек на туристичката сезона, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов заедно со волонтерите при Клубот на млади на ОО Црвен крст- Гевгелија делеа промотивен материјал за туристичката понуда во општина Гевгелија. 

На граничниот премин „Богородица“, на транзитните туристи преку директна комуникација им беа поделени флаери и промо-материјали изработени во рамки на платформата за туризам Gevgelija – spice up the journey, запознавајќи ги со туристичките потенцијали.
 
Како што истакна градоначалникот Сарамандов, оваа акција се спроведува во соработка со ОО Црвен крст- Гевгелија со цел странските, но и домашните туристи да се запознаат со туристичкиот капацитет на општината и нивно подолго задржување во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *