Украина победи на 66. издание на Изборот за песна на Евровизија, во Торино, Италија.„Стефанија“ на Калуш Оркестра освои убедливо најмногу гласови од телевоутинг и го прескокна на првото место Британецот Сем Рајдер со „Спејс Мен“, кој имаше најмногу гласови од жирито.
„Ве молиме помогнете ѝ на Украина, на Мариупол. Помогнете му на Азовстал веднаш“, кажа пејачот Олех Псиук на сцената по настапот на неговиот бенд. Ова е трета победа на Украина на Евросонг.
Српската пејачка Ана Ѓуриќ Констракта, единствената претставничка од Балканот, со песната песната „In corpore sano“, синоќа го освои 5-тото место на Евровизија во Торино, а доби награда за најдобар сценски настап.За прв пат на една Евровизија се слушна да се пее и на латински јазик.
Овогодинешниот избор за песна на Евровизија беше, слободно може да се каже, никогаш посилен.
Вообичаено на Евровизија има едвај 2-3 солидни песни, а годинава повеќе од десет интересни и певливи : Украина, Велика Британија, Шведска, Србија, Молдавија, Грција, Шпанија, Италија, Норвешка, Полска, Холандија, Португалија и други.
Според Variety, одлуката за локацијата на следната Евровизија ќе мора брзо да се донесе од логистички причини и вели дека во моментов се споменуваат две земји како најверојатни замени за Украина: соседна Полска и Обединетото Кралство, која има блиски односи со Украина оттогаш. војната.