НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ ЗА ДЕЦА ДВЕ ПРВИ МЕСТА ЗА МЛАДИТЕ ОД КАРАТЕ КЛУБОТ „ДОЈРАН“

Крива Паланка викендов беше домаќин на Државно карате првенство во борби и кати за деца од 10-13 години на кое учествуваа над 300 каратисти, од 55 клубови од земјава.
Организацијата на првенството поддржана од Карате федерацијата им припадна на одговорните во Карате клуб “Шампион” Крива Паланка.
 
На ова првенство одличен успех постигнаа Дарија Џониќ и Михаела Јовановиќ, од Карате клубот „Дојран“. Водени од искусната тренерка Лилијана Упчева, кои станаа државни прваци во кумите-борби до 10 години.
Со ова тие се стекнаа со право да настапат на Балканското првенство во карате за деца во Бар, Република Црна Гора.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *