Овој викенд, во организација на ДПС „Лисец“ се одржа дваесетото јубилејно издание на outdoor фестивалот „Ја сакам Плачковица 2024“.Оваа година имаше застапено повеќе дисциплини, како спортско качување, детска трка, отворен ден на вештачка карпа, Плачковица треил и спелеолошко истражување.
На детската трка настапија шест млади атлетичари на АК „7-ми Ноември“ кои освоија неколку медали. Така, Костадин Семенаков во категоријата 5-5 години го освои третото место, Горан Семенаков, во категоријата 7-8 години беше прв, Ана Бегова во категоријата 9-10 години го зазеде второто место, Антонио Каракабаков освои прво место во категоријата 11-12 години, а учествуваше уште и Добрилка Семенакова.