НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1875 РОДЕН ВОЈДАН ПОП ГЕОРГИЕВ ЧЕРНОДРИНСКИ

На 15 јануари 1875 година во селото Селци, Дебарско, е роден Војдан Поп Георгиев – Чернодрински, македонски драмски писател, театарски режисер, артист и основоположник на првиот македонски театар.

 Автор е на драмите “Македонска крвава свадба”, “Од главата си патиме”, “Робот и агата”, како и на многу други драмски дела непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на Македонците и борбата за слобода. Тој со своите ставови за македонскиот идентитет и со своите залагања за организирање на востание за конечно ослободување на Македонија, здобил големи симпатии како од македонската така и од странската јавност.

Потекнува од свештеничко семејство. Се школува во егзархиското училиште “Свети Климент” во Охрид, во Солун, во Грац и во Берн. Умре во Софија, на 8 јануари 1951 година.

По многу перипетии на сцената на Софискиот театар, на 7. ноември 1900 година, успеал да ја постави драмата „Македонска крвава свадба“.

Успехот на претставата го поттикнала тој да формира македонски театар.

На своето име си го додал псевдонимот Чернодрински, по реката Црн Дрим, која тече низ неговото село, и ја оформил драмската група „Скрб и утеха“ (1901), која подоцна прераснала во „Столичен македонски театар“ (1902) и патувал низ Бугарија, Србија и Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *