НА ДЕНЕШЕН ДЕН ЗАГИНАЛ КРАЛИ МАРКО, НАЈОПЕАНИОТ НАРОДЕН ЈУНАК НА БАЛКАНОТ.

Во 1395 година, Крали Марко, според доста сиромашните историски податоци, загинал како турски вазил во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирче. По погубувањето на неговиот татко во 1371 година во битката против Турците кај реката Марица, продолжил да владее со областите околу Призрен, Скопје и Прилеп. Епската поезија го идеализира како пример за храброст, витештво и чесност и како заштитник на послабите.
 
Крале Марко е најголемиот јунак во народното творештво на Јужните Словени: за него, постојат голем број легенди и преданија, а тој е најопеаниот јунак во народната епска поезија, во која му се припишувани разни особини, но освен јунаштвото и заштитништвото кон послабите и негативни особини.
 
Во народните песни, Крале Марко е обдарен со необични особини и со неверојатна сила, која ја стекнал уште од раѓањето. Така, уште на третиот ден по раѓањето, во домот на Волкашин дошле три наречници, а една од нив предвидела „Марко јунак да е, кога момче оно да порасте, на татка си коски да му скрши“.
 
Исто како што на Крале Марко народот му давал надреална сила, опеан е и неговиот коњ Шарец кој „можел да скока од планина на планина“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *