НА ДЕНЕШЕН ДЕН РОДЕНА Е СИРМА ВОЈВОДА, МАКЕДОНСКА ВОЈВОДКА НА АРМИСКА ДРУЖИНА

На 22 април 1773 година во дебарското село Тресонче е родена Сирма Војвода, ќерка на Анѓа и зографот Петре Врлески.
Таа е македонски симбол за жена-борец, предводничка на ајдуци и војвода на дружината, опеана во македонските народни песни.
Сирма Војвода (била една од ретките жени војводи на ајдутска дружина. Според народните песни, за војвода била избрана откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини. 

Со својата ајдутска дружина дејствувала како заштитник на македонскиот народ од турските насилници и албанските качаци главно на планините Стогово и Крчин. По стапувањето во брак со Велко Спиров од Крушево, бајрактар на четата, се повлекла од ајдутскиот живот во 1818 година и со него живеела во Прилеп. Во 1856/7 година, како 80-годишна старица, се сретнала со Димитар Миладинов. Во 1864 година била убиена од прилепските Турци. Опеана е во неколку народни песни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *