НА ДЕНЕШЕН ДЕН РОДЕН АКАДЕМИКОТ ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Ој, Македонијо, –
колку ли уште ни треба
за да те домакедончиме!
Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!

Во скопското село Кожле, на 11 мај 1929 година роден е Гане Тодоровски — македонски академик, поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска и македонска книжевност – 19 век на Филолошкиот факултет во Скопје. Во 1951 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврата (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател.

Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971). Член е на МАНУ од 1997 година. Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК. Подоцна е назначен за прв амбасадор на Република Македонија во Руската федерација. Починал на 22 мај 2010 година. Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле на 26 мај 2010. Од неговото обемно поетско и научно и публицистичко дело се издвојуваат: „Спокоен чекор“, „Апотеоза на делникот“, „Претходниците на Мисирков“, “Снеубавен ден“, „Трактати за сонцељубивите“, „Скопјани“, „Подалеку од занесот, поблизу до болот“, „Со збор кон зборот“, „Неволици, неверици, несоници“, „И орач и воин“, „Книга за Венко Марковски“ и други. За своето творештво бил носител на врни македонски општествени и книжевни награди: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“ (награда), „Кирил Пејчинович“ и други.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *