НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПОЧИНАЛ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ: „НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД АРМИЈА ЛАВОВИ ПРЕДВОДЕНА ОД ОВЦИ. СЕ ПЛАШАМ ОД АРМИЈА ОВЦИ ПРЕДВОДЕНА ОД ЛАВ“

Трите негови последни желби биле: Најдобрите лекари треба да го носат неговиот ковчег; Богатството што го собрал (пари, злато, скапоцени камења и сл.) да биде ставено во ковчегот… Неговите раце треба да бидат пуштени, обесени надвор од ковчегот за сите да видат дека заминува без ништо на оној свет!
На денешен ден во 323 г.п.н.е. во Вавилон умре Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години мина 18.000 километри, создаде држава каква што не постоела според пространство ниту пред него, ниту по него.
Александар III Македонски бил крал на Македонија од лозата на Аргеадите и најпознатиот светски војсководец на сите времиња. Роден е во Пела во 356 година пред нашата ера како син на Филип Втори Македонски и епирската принцеза Олимпија.
Воспитуван е во строгиот македонски дух да биде и воин, политичар и филозоф. Негов учител и духовен татко бил големиот филозоф на античкиот свет, Аристотел.
Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и извонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа жена оставила неизбришлива трага врз него. Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека „Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава“.
По убиството на неговиот татко, Филип Втори, Александар седнува на престолот на моќното македонско кралство во 336 година и по средувањето на внатрешните прилики тргнува на долго подготвуваниот поход кон исток. Ги преминал Дарданелите со четириесет и две илјадна војска, малубројна но добро подготвена армија. По низа битки во кои ја истакнал својата брилијантна стратегија во која малкумина верувале, Александар Македонски ја покорил Персија, најмоќната империја дотогаш. Влегол во Вавилон каде подоцна ја пренел престолнината. Во Египет бил прогласен за ослободител и божество и го основал градот Александрија. Во походот на Индија ги освоил Согдијана и Бактрија каде се оженил со принцезата Роксана. Преку планините на Хиндукуш навлегол во Пенџаб, Индија, ја преминал рекана Инд, каде го поразил кралот Пор во битка во која и самиот бил тешко повреден. На негово големо разочарување Александар морал да го прекине походот на Азија и да се врати назад. Неговата армија по години војување била уморна. На пат кон Вавилон, преминувајќи ја Гердросиската пустина изгубил три четвртини од својата војска. Во Суза направил голема свадба, позната како свадбата на Европа и Азија, на која оженил 10 000 свои војници со персијанки.
Кога се вратил во Вавилон почнал да подготвува нов поход кон Арабија, Картагена и Италија. Александар научил многу и видел многу подалеку од своите учители. Тој бил првиот кој имал сон за светска држава во која културите ќе се мешаат и народите ќе соработуваат. Но неговиот сон завршува со неговата прерана смрт. Не се знае дали починал од маларија или бил отруен од најблиските соработници кои биле уморни од неговите големи планови. Починал на 13 јуни 323 година кога имал само 33 години. Легендата за него живее се до денес.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *