НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1997 ГОДИНА, ПРИ ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА ДЕЛЕГАЦИЈА НА АРМ ГО ОТКРИ И ФОТОГРАФИРА ЛЕГЕНДАРНОТО ЦРЕШОВО ТОПЧЕ
Д-р Ванче Стојчев, професор на Воената академија во Скопје, на 2 јули 1997 година, заедно со останатите членови на воената делегација отишол во Воениот музеј и побарал да му го покажат Црешовото топче, кое не било дел од изложбената поставка. Кустосите го нашле топчето и му дозволиле на Стојчев да го фотографира.
На 25 јули 2003 година, спроти јубилејот 100 години од Илинденското востание, Црешовото топче, кое го користеле македонските востаници во 1903 година, беше времено отстапено и донесено во Македонија спроти големата Илинденска прослава.
Единственото Црешово топче кое останало по востанието е тоа што во 1903-та турскиот аскер го заробил по битката со востаниците кај месноста Слива, откако цела востаничка чета загинала бранејќи ја отстапницата во збегот на населението од Крушево. Истото тогаш Турците го пренесле во Турција и денес се наоѓа до Воениот музеј во Истанбул.