НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1943 ГОДИНА БУГАРСКИОТ ОКУПАТОР СТРЕЛАШЕ 12 МЛАДИНЦИ ОД ВАТАША. НАЈМЛАДИОТ ИМАЛ САМО 15 ГОДИНИ

Веројатно нема Македонец кој не ја слушнал „Ми заплакало селото Ваташа“, песна која е посветена на крвавиот настан што се случил на денешен ден, 16 јуни во 1943 година, кога бугарскиот окупатор стрела 12 македонски синови. Најмладиот младинец всушност бил се уште дете. Перо Видев имал само 15 години на денот на стрелањето. А со него стрелани се: Ванчо Гурев (19 г.), Данко Давков (18), Илија Димов (18), Ристо Ѓондев (18), Блаже Ицев (20), Пане Мешков (18), Герасим Матаков (18), Ферчо Попѓорѓиев (26), Васо Хаџиjорданов (28), Диме Чекоров (20) и Пане Џунов (18 години).
Во месноста Моклиште, во Кавадаречко, бугарскиот окупатор стрелаше 12 невини младинци од селото Ваташа. Откако окупаторската војска и полиција го блокирала селото Ваташа, бугарскиот окупатор извршил претрес низ сите куќи, плевни и други помошни простории во селото. Бидејќи не успеале да најдат ниеден партизан, собрале истакнати младинци, барајќи од нив да им ги признаат своите врски со партизаните и да им кажат каде се наоѓаат „шумкарите“. Но, ниту еден од уапсените млади македонски синови не сакал ништо да издаде, бугарската окупаторска војска во Македонија, најпрво ги претепала во селската кафеана, а потоа ги стрелала 12 младинци.
Масакрот се случил во близина на Моклиште кај месноста Чаир, на 12 км од Ваташа. Колежот го извршила бугарската воjска и одреди полиција, под команда на полковник Љубен Апостолов, кој бил командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. Апостолов по потекло бил од Крива Паланка. Во тоа време голем процент од војниците во полковите на Петтата армија биле регрутирани младинци од локалното население, исто како и голем дел од полицијата.
Народниот суд во НР Македонија, по војната, ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковник Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков. Пред тоа сите тие се предадени од новата влада на Бугарија на тогашните југословенски власти за судење како фашисти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *