НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1913 ГОДИНА ВО ВАТАША Е ОБЈАВЕНО ДИГАЊЕ НА ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ СРПСКИОТ ОКУПАТОР ВО КОЕ ЗАГИНАЛЕ 545 МАКЕДОНЦИ И БИЛЕ ИЗГОРЕНИ МНОГУ КУЌИ И ДУЌАНИ

Тиквешкото востание, кое долго време било табу-тема и за историчарите, е прво востание во Македонија по Илинденското, дигнато десет години по Илинден против новиот српски окупатор.
Тиквешкото востание е објавено на 12 јуни 1913 година во кавадаречкото село Ваташа. На ова му претходела реонски собир кој се одржал од 28 до 30 мај истата година во селото Бегниште. На реонската конференција присуствувале 60 претставници на речиси сите села од Тиквешијата, на која била донесена одлука за кревање на востание. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во Илинденското востание, меѓу коишто биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.
Тиквешкото востание почнало со сигнални огнови по селата, какви што се вивнале во Мрежичко и во Рожден, најавувајки ја борбата против новиот српски окупатор кој ја заменил османлиската окупација. Првата вооружена акција била на 19 јуни, потоа било ослободено Кавадарци како и селата од десната страна на Вардар од Демир Капија до Рожден.
После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *