НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1987 ГОДИНА ПОЧНАЛ ДА СООБРАЌА ПРВИОТ ВОЗ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН НА РЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ – ГЕВГЕЛИЈА

114 години по изградбата на пругата Скопје-Солун, на 16 март 1987 година, првиот воз на електричен погон почнал да сообраќа на релација Скопје-Гевгелија.
Првото железничко поврзување во просторот на Македонија се случило во 1873 година кога е воспоставена железничка врска меѓу Солун и Скопје со Ориенталната железница (CO – Chemins de fer Orientaux) по фази: Солун – Миравци на 06.06.1872 година и Mиравци – Криволак на 09.01.1873 година, Криволак – Велес на 09.04.1873 година и Велес – Скопје на 09.08.1873 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *