НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1963 ГОДИНА ИЗЛЕЗЕ ПРВИОТ БРОЈ НА „ВЕЧЕР“. СЛАВИ 60 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
На денешен ден во 1963 година излезе првиот број на дневниот весник „Вечер“, кој од своето основање има карактер на дневен магазин со нагласено почитување на кратки текстови, фотографии и хумористичен дел, придржувајќи се до стандардите за професионално известување и информирање на читателите.
По земјотресот од 26 јули 1963 година Социјалистичкиот сојуз донел одлука да се покрене издавање нов дневен весник – весник за Скопје – бидејќи има огромна потреба да се регистрира целокупната обнова на градот, да се пишува за солидарноста. Отпрвин се работело под “ведро небо” , кадарот бил од Редакцијата “Нова Македонија” која одвои десетина квалитетни новинари.
Основоположници на новиот весник беа Панче Михајлов, Јордан Ивановски, Милчо Коцев, Борис ПОП Ѓорчев, Мирко Миронски, Славко Маринковиќ и Цветан Станоевски.
На 11 Ноември 1963 година излезе од печат првиот број на првиот вечерен катадневен информативен весник на НИП “Нова Македонија” – ВЕЧЕР наменет за брзо, кусо и јасно информирање за се она што се случува кај нас и во светот.
Првиот број на ВЕЧЕР е отпечатен на 16 страници – половичен формат од стандардниот формат на Нова Македонијаа. Во првиот број на ВЕЧЕР се објавени вкупно 82 текстови и 31 фотографија. Првиот новинарски состав беше составен од 35-мина вработени.
Редакцијата на ТВ НОВА 12 им го честита роденденот на колегите од „Вечер“.