НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1875 РОДЕН ВОЈДАН ПОП ГЕОРГИЕВ ЧЕРНОДРИНСКИ-ОСНОВОПОЛОЖНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР
На 15 јануари 1875 година во селото Селци, Дебарско, е роден Војдан Поп Георгиев – Чернодрински, македонски драмски писател, театарски режисер, артист и основоположник на првиот македонски театар. Автор е на драмите “Македонска крвава свадба”, “Од главата си патиме”, “Робот и агата”, како и на многу други драмски дела непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Потекнува од свештеничко семејство. Се школува во егзархиското училиште “Свети Климент” во Охрид, во Солун, во Грац и во Берн. Умре во Софија, на 8 јануари 1951 година.
По многу перипетии на сцената на Софискиот театар, на 7. ноември 1900 година, успеал да ја постави драмата „Македонска крвава свадба“.
Успехот на претставата го поттикнала тој да формира македонски театар.
На своето име си го додал псевдонимот Чернодрински, по реката Црн Дрим, која тече низ неговото село, и ја оформил драмската група „Скрб и утеха“ (1901), која подоцна прераснала во „Столичен македонски театар“ (1902) и патувал низ Бугарија, Србија и Македонија.