НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1371 ГОДИНА, КРАЛЕ МАРКО, ПО БИТКАТА КАЈ МАРИЦА, СТАНАЛ КРАЛ НА ПРИЛЕПСКОТО КРАЛСТВО
На 26 септември 1371 година, се одиграла Битката на Марица во која загинале Волкашин и Углеша Мрњавчевци, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на Прилепското кралство и турски вазал.
Крале Марко (околу 1335 – 17 мај 1395) бил последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани. Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.