НА „CHUPINO VERTICAL TRAIL 2024“ НАСТАПИЈА ТРИ ЧЛЕНА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“
Во неделата, на 25 февруари, во Виница, со учество од над 120 натпреварувачи во женска и машка конкуренција, се одржа новото издание од Чупино зимски вертикал 2024. На оваа исклучително напорна трка настапија и три натпреварувачи од Гевгелија, Валентина Узунова во женска и Мијалче Андоновски и Мики Петровски, во машка конкуренција. Валентина Узунова во својата категорија го освои второто место, а во генерален пласман беше деветта. Интерсесно е што сите тројца постигнаа исто време, 1 час и 22 минути.
Чупино вертикал претставува трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км висинска разлика во должина од максимум 5 км со дозволена отстапка од 5-10%.
Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ќе ја обележи Виница на спортската мапа на Балканот