НА 7 НОЕМВРИ 1947 ГОДИНА ВО ГОРНА ЏУМАЈА (ДЕНЕШЕН БЛАГОЕВГРАД) СЕ ИЗВЕДУВА ПИЕСАТА „ПЕЧАЛБАРИ“, ВО ОБЛАСНИОТ МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР
На денешен ден, 7-ми ноември, во Горна Џумаја (денешен Благоевград) со изведувањето на пиесата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов официјало ја започна својата дејност Обласниот македонски народен театар. Тоа беше прв македонски професионален драмски ансамбл не само во споменатиот град, туку и во Пиринска Македонија. Театарот работеше на македонски литературен јазик.