НА 23 АПРИЛ 2017 ГОДИНА ГЕВГЕЛИЧАНИ СЕ ИЗЈАСНИЈА ПРОТИВ ОТВОРАЊЕ РУДНИЦИ ЗА ЗЛАТО НА КОЖУФ

Жителите на Гевгелија на спроведениот референдум се изјаснија против отворање рудници за злато на планината Кожуф.
Од Општинската изборна комисија на Гевгелија(ОИК) соопштија дека од запишаните 19.459 гласачи, заклучно со 19 часот гласале 13.384 граѓани односно 68 отсто од општинското гласачко тело.
Против отворањето рудници за злато на Кожуф се изјасниле 13.097 граѓани (97,85%), 154 биле за (1,15 %), а 133 ливчиња (0,99%) се прогласени за неважечки.
 
Според конечните резултати од гласањето, жителите на општина Гевгелија со огромно мнозинство донесоа одлука за заштита на животната средина и ја обврзаа општината да не дозволи отворање на рудници за злато на територијата на општина Гевгелија.
Инаку, одржувањето на референдумот беше иницирано од здружението „Спас за нас“ кој поднесе иницијатива до Советот на општина Гевгелија, а кој пак одлучи референдумот да се одржи на 23 април 2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *