НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1903 ГОДИНА СЕЛОТО СМИЛЕВО – ГОРДОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ИДЕЈА , БЕШЕ ЗАПАЛЕНО ОД ТУРСКАТА ВОЈСКА ПРИ ШТО ЗАГИНАА 250 ЖЕНИ И ДЕЦА.
На 28 август 1903 година, Смилево беше нападнато од многубројна турска војска. Со одбраната на Смилево раководеше Даме Груев, големиот македонски револуционер и организатор на македонското народноослободително движење од илинденскиот период, роден токму во Смилево. По жестоката борба турската војска навлезе во селото, го запали и изврши масакрирање на 250 жени и деца во месноста Голем Гар, на Бигла Планина.
Селото Смилево се наоѓа на крајниот јужен дел од територијата на Општина Демир Хисар, во подножјето на Бигла Планина на надморска височина од 940 метри.
Познато е по Смилевскиот конгрес и кревањето на Илинденското востание. Смилево е единствено мијачко село во Демирхисарско. Населено е со Мијаци, дојдени од мијачкиот предел кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век.