НА 2 ОКТОМВРИ 1967 ВО САЛАТА НА ДТВ „ПАРТИЗАН III“ АТАНАС КОЈЧЕВСКИ И СЕЈДО ТЕОФИЛОВСКИ ГИ УДРИА ТЕМЕЛИТЕ НА КАРАТЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
Во Скопје, во салата на ДТВ „Партизан III“, двајцата ентузијасти, пропагатори на боречките спортови – Атанас Којчевски, професор по физичко воспитување и Сејдо Теофиловски, студент, со 117 младинци го одржале првиот час по карате во Македонија, на кој како мајстор присуствувал д-р Илија Јорга. Интересно е што карате спортот во Македонија дојде преку џудото.Првото званично првенство на Македонија во поединечна и екипна конкуренција се одржа 1967 година. Таа година македонските џудисти, како репрезентација на Македонија, настапија и на Екипното првенство на поранешна Југославија, во состав: Диме Соколовски, Т. Лазаров, Сејдо Теофиловски и Атанас Кајчевски, кои подоцна го основале првиот карате клуб во Македонија.